Неколку граѓани на Србија сведочат дека полицијата во земјите од Европската Унија им ги претресувала автомобилите на граничните премини, но и на полициските пунктови во земјите од ЕУ, бидејќи се сомневаат дека од Србија се изнесуваат големи количини готовина во Италија, Унгарија, Австрија и Германија, објави Данас.

„На пат кон Германија, полицијата нè запре неколку пати за темелно да го претресе нашиот автомобил. Кога ги прашавме зошто го прават ова, бидејќи никогаш претходно не го правеле, ни рекоа дека имаат информации дека од Србија се изнесуваат големи суми готовина“, изјави за Бета српски државјанин кој е на привремена работа во Германија.

Друг рече дека имал слично искуство во Италија, каде што на кратко растојание од Копер до Трст, кога преминал од Словенија во Италија, полицијата двапати го запрела и темелно му го пребарала автомобилот во потрага по пари.

„Ни ја растргнаа колата, ги извадија седиштата, резервната гума…“, рече тој. Третиот државјанин на Србија изјави дека слично искуство имал на граничниот премин со Унгарија, а потоа и на уште две контроли во Австрија.