Половина милион евра од европската банка за обнова и развој за техничка и административна поддршка за подготовка на тендерска постапка за соларни централи и ветерници. Целта е да се зголеми користењето на обновливите извори на енергија и да се намали зависноста од увоз на струјa.
Половина милион евра од ЕБОР- техничка помош за подготовка на аукциски систем и за нов тендер за соларни електроцентрали и ветерници. Ќе се изработуваат правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија за да се намали зависноста од увозот на електрична енергија и користењето на јагленот.
„Станува збор за изработка на комплетна стратегија за зголемување на инсталираната моќ од фотоволтаични (соларни) електроцентрали во Македонија која сега изнесува само 16,8 мегавати, што е жалосно за земја која изобилува со сонце. Владата со техничката помош од ЕБОР ќе биде посветена во наредниот период да се направат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 200 мегавати и при тоа да се осмисли стратегија како тоа значително да не влијае на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи“, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
За реализација во делот на фотоволтаични и ветерни централи ќе се применува новиот механизам на премиум тарифи за чија изработка ќе се користат средствата од Европската банка за обнова и развој. Целта е, според Анѓушев, да бидат инсталирани сите 150 мегавати ветерени централи за да се обезбеди стабилност на електроенергетскиот систем- вели Анѓушев. Од Европската банка посочуваат дека веќе е објавен повикот за интерес за меѓународни консултанти што ќе работат на владината поддршка.
„Конкурентниот тендер ќе биде транспарентен и објективен начин да се обезбеди дека земјата ја постиганала целта во однос на условите на Европската унија и тоа на најефикасен начин што ќе се види од намалувањето на трошоците. Со оглед на високата зависност на земјата од узвоз на струја и високиот удел на јагленот како извор за содавање електрична енергија, банката ќе и помогне на земјата да ги прошири своите извори“, вели Шарлота Руе, директор во ЕБОР.
Владата очекува Европската банка за обнова и развој да ја финансисра и државната ЕЛЕМ за изградба на на фотоволтаична централа од 10 мегавати во исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, и проширувањето на ветерниот парк Богданци за 15 мегавати за кој веќе има градежна дозвола.