Над половина од фирмите имаат проблем со ликвидноста, но само мал дел од нив ќе бараат помош од државата. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Стопанската комора спроведена меѓу повеќе компании во земјава чиј приход лани надминал милијарда евра и се од повеќе сектори и региони.

Најголем дел од компаниите, или третина од нив покажуваат интерес за мерката 14.500 денари месечно по вработени или 50% од трошоците за придонеси. Интересот за другте мерки е помал од 10%.

Анкетата покажа дека во март добар дел од компаниите имале преполовување на производството и прометот, но за април очекуваат полоши резултати. Сепак и покрај тоа најголем дел не размислуваат да стават крај на бизнисот.

Лошата состојба во економијата сериозно ќе го намали БДП. Според проценките на Владата, падот за овој квартал ќе изнесува околу 15%. ММФ пак во најновиот извштај прогнозира минус од 4% до крајот на годината. Стабилизација се предвидува за догодина кога БДП, според Фондот ќе порасне за 7%.