Околу 49% од работниците на возраст од 16-24 години се изложени на ризик да ги загубат своите работни места поради напредокот на вештачката интелигенција, се вели во истражувањето на Brookings Institution . Групата е најранлива кај сите демографии, бидејќи повеќе од 70% од нивните тековни вештини се сметаат за автоматски. Групата сочинува околу 9 отсто од работната сила, но некои професии се значајно истакнати како професии кои скоро целосно можат да бидат заменети од вештачка интелигенција. Речиси 40 отсто од касиерите и келнерите и речиси 25 отсто од продавачите на мало – најверојатно ќе бидат заменети со роботди. Над 80 отсто од овие работни места ќе бидат заменети со роботизирани решенија; од киосци за примање на автоматски нарачки, системи за плаќање базирани на бесконтактни методи и картички до роботи – машини за миење садови.