58,6% од пензиите се под 1000, а 70,8% – под 1200 евра

Секоја втора старосна пензија во Германија е помала од 900 евра. Ова е јасно од одговорот на сојузната влада на парламентарното прашање на левичарската пратеничка Сабине Цимерман. Пензиското осигурување и федералната влада, сепак, во петокот истакнаа дека оваа вредност не секогаш се совпаѓа со реалниот доход, објави ДПА.

Според податоците, минатата година 51,4% старосни пензии биле под 900 евра. Има 9,4 милиони луѓе кои примаат ваква пензија. 58,6% од пензиите се во износ помалку од 1000, а 70,8% – под 1200 евра. Тоа се плаќања по одбивање на придонесите за здравственото осигурување и други.

Како што вели федералната влада во својот одговор, другите пензиски бенефиции и буџетскиот контекст не се земаат предвид. Портпаролот на пензиското осигурување објаснува дека “ниските пензии во голема мера се засноваат на фактот дека осигурениците многу малку платиле за пензиско осигурување”, пишува Ханделсблат.

Ова важи, на пример, за самовработените домаќинства кои не платиле придонеси за задолжително пензиско осигурување или лица со подолг престој во странство без да ги платат своите суми.

Извештајот за пензиско осигурување за 2018 година дава детални информации. Според него, во домаќинствата со еден пензионер во 2015 година семејните двојки во старите провинции имале нето месечен приход од 2572 евра, а во новите – 2257 евра. За самохрани мажи, тоа е 1593 евра, а за жените – 1 422 евра во старите провинции, и 1.389 и 1370 евра во новите провинции.