Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава е намален за 0.5 процентни поени и изнесува 13.3, а во однос на март лани е намален за 1.2 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2022, во однос на февруари 2022 година, е непроменета, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март во однос на февруари годинава е понеповолна, а понеповолна е и во однос на март 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2022 година изнесува 65,5 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 16,2 проценти, недоволната странска побарувачка со 19,4 проценти, неизвесното економско опкружување со 15,3 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13 проценти.