Државната железница на Бугарија за патнички сообраќај БДЗ Патници објави дека тендерот за осигурување на возниот парк и имот вреден 9,6 милиони евра е поништен. Тендерот е поништен поради жалба која ја поднела компанијата ДЗИ-Џенерал Иншуранс.
Комисијата за заштита на конкуренција соопшти дека антимонополскиот регулатор започна постапка во врска со тужба против тендерот поднесен од компанијата ДЗИ- Џенерал Иншуранс. ДЗИ бара да се оспори одлуката на БДЗ да ја изнесат својата понуда и побара привремено одложување на истата, односно додека антимонополскиот регулатор не ја испита ситуацијата.
Целиот проблем поради кој настана овој спор е тоа што БДЖ планира тендорот да е со 5 годишен договор.