Во потрага по пониски цени, но и повисок квалитет, се повеќе граѓани на Бугарија за време на викенд организираат шопинг патувања до градовите во источниот дел од земјава.

Како што кажуваат жителите на Благоевград и околните села, тие доаѓаат во Делчево во потрага по месо и млечни производи, пред се поради нивниот квалитет.

„Таму купувам и ориз, леќа, грав. На син ми му купувам месо, кашкавал, кашкавал, шунка затоа што тоа е вистинско месо. Таму генерално се нуди сирење, но има неколку видови што можете изберете И нивното сирење е многу добро“, коментира Борис Руснеов, жител на Благоевград.

Бугарските државјани кои патуваат во македонските градови за шопинг кажуваат дека цените во Северна Македонија се за 10 до 20 отсто пониски од Бугарија.