Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ…

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 77 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 1 денар и ќе се продава по цена од 79 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2 денари, и ќе изнесува 68,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство исто така за намалува, за 2,5 денари и ќе се продава по 68 денари. Се намалува и цената на мазутот, кој од утре ќе се продава по цена од 42,6 денари по килограм.