Компјутерските системи за нарачки на Фолксваген не можеа да се справат кога за многу кратко време дојдоа илјадници нарачки за новиот електричен автомобил вчера. Германскиот производител на автомобили вели дека добил 10.000 пред-нарачки за ограниченото издание ID.3 1ST во рок од 24 часа по отворањето на резервациите за автомобилот. Купувачите е потребно да платат депозит од 1.000 евра за возилото, кое ќе има цена од нешто помалку од 40.000 евра и опсег на возење со едно полнење од околу 420 километри. Во меѓувреме, Dyson, компанија од Велика Британија, позната по своите правосмукалки, влегува исто така на пазарот на електрични автомобили.