Оценката за економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во јануари е поповолна во однос на декември и во однос на јануари лани, објави Државниот завод за статистика.
Обезбеденоста на производството со порачки во однос на декември е поповолна, а поповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци. Залихите на готови производи сe зголемени во однос на декември, а се очекува и зголемување на бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите е 66,5 проценти, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат недостигот на квалификувана работна сила, недоволната странска побарувачка, недоволната домашна побарувачка и неизвесното економско опкружување.