Во февруари годишната стапка на инфлација забавува, се сведе на три насто. Но, сепак, трошоците за храна и пијалаци во однос на јануари се зголемиле за 0,5%, додека во однос на февруари 2023 за 1,5%.
Инфлацискиот притисок попушта. Според новите статистики на ФАО има забавување на ценовниот раст, кај одредени прехранбени производи дури и намалување на индексот на цените и на годишно и на месечно ниво. Во февруари во однос на јануари, индексот се намалил за 0,7 проценти. Но сè уште има поскапувања кај основните продукти. Конкретно на удар се шеќерот, месото и дел од млечните производи. Најголем пад има кај цените на житариците.
Поевтинување на цените во текот на годината, проектира и Народна банка. Во февруари годишната стапка на инфлација забавува, се сведе на три насто. Но, сепак, трошоците за храна и пијалаци во однос на јануари се зголемиле за 0,5%, додека во однос на февруари 2023 за 1,5%.
Според анализите на централната банка за скок на индексот, може да се констатира дека во февруари има поскапување кај транспортните услуги, но за 0,5 процентни поени и кај храната.