Пазарната ситуација на земјите-членки на ЕУ е различна. Полска, како голем производител, извезува и го преплавува пазарот на ЕУ и другите земји. Се очекува дека висококвалитетните јаболка од ладилниците ќе стигнат и до Азија. Во исто време, Холандија се бори со прекумерен раст на увозот на јаболка од Полска, додека инфлацијата ја намали потрошувачката на ова овошје во Белгија.

Според извештаите, потрошувачите сега повеќе бараат поевтини сорти, како што е Јонаголд, додека забележлив е пад на побарувачката за клубски сорти. Беше објавено дека пред 20 години Белгијците консумирале 12 килограми јаболка по жител, а сега само 6,8. Во Франција, 2023 година започна со релативно ниски залихи на јаболка.

Има помала понуда, но и извоз што му дава стабилност на пазарот. Просечната малопродажна цена на јаболката во француските продавници е две евра, но откупната цена за производителите е исклучително ниска. На германскиот пазар доминираат јаболка од домашно производство.

Зголемување на продажбата на јаболка во однос на минатата година оствари Австрија, а најмали залихи забележа Италија – 961.955 тони, што е најниско во последните неколку години. Цените на јаболката во Шпанија се повисоки од минатата сезона, но пониски од просекот. Проблемот е што Турција по разорниот земјотрес се соочува со проблеми со дистрибуцијата.