Руската економија досега изгуби повеќе од еден трилион рубљи (едно евро = 87,09 рубљи) поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, се наведува во финансиски извештај на Федералната служба за заштита на потрошувачи (Роспотребнадзор).

– Штетата е всушност уште поголема. Сумата за која станува збор е еден трилион рубљи се пресметува без да се земе предвид загубата на бруто домашен производ не произведен поради „смрт, трајна и привремена спреченост за работа“, се истакнува вели во извештајот.

Финансиската штета предизвикана од пандемијата во 2020 година изнесува 997,06 милијарди рубли. И тоа е 1,4 пати повеќе од вкупната штета од други заразни болести. Околу 183 милијарди рубли од таа  сума се трошат на лекување на пациенти во болници, а потрошени се уште 108 милијарди рубљи за тестирање на населението.

Инфлацијата во земјата во моментов расте, што е најголема грижа кај луѓето. Цените на прехранбените производи пораснаа за повеќе од 7,4 отсто, според податоци за мај.

На 19 март Централната банка на Русија ги зголеми каматните стапки за 25 основни поени до 4,5 отсто. На 23 април, Банката на Русија ги зголеми за уште 50 основни поени поени до 5,0 отсто. На 11 јуни, каматната стапка беше зголемена за уште 50 основни поени до 5,5 отсто. Следниот состанок на раководното тело е закажано за 23 јули.

Средства наменети за поддршка на луѓе и бизниси досега изнесуваат над 515 милијарди рубљи.