Според податоците на новата анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), приливот на странски директни инвестиции во 23 економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа e повеќе од преполовен во првата половина од годинава, но земјите од Западен Балкан имаа многу помал пад.
Во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) во првите шест месеци од 2020 година, странските директни инвестиции се намалени за 58 отсто во споредба со истиот период во 2019 година, додека на глобално ниво имаше помал пад од 49 отсто, според УНКТАД.
Намалувањето на приливот на странски директни инвестиции не влијаеше подеднакво на земјите од CESEE и на Западен Балкан падот беше осум отсто, во земјите на ЕУ-ЦЕЕ 35 и во Заедницата на независни држави плус Украина и Турција околу 40 отсто.
Низ регионот CESEE, гринфилд инвестицискиот капитал беше намален за 23 отсто додека глобалниот пад во првата половина на 2020 година беше 34 отсто.
Најчувствителниот сектор кон рецесијата, како во однос на приливот на директни странски инвестиции, така и во смисла на „гринфилд“, беше преработувачката индустрија, се вели во анализата на австрискиот независен институт.