Пандемијата ги зголеми невработеноста и сиромаштијата во светот. Но, ќе биде и полошо годинава.
До крајот на годинава, светот ќе има уште десетици милиони работни места помалку. Се предвидува дека глобалната вработеност нема да се врати на претпандемиското ниво дури ни во 2023 година.
Без да се направат напори за отворање пристојни работни места, без поддршка за најчувствителните социјални групи и без заздравување на најпогодените области на стопанството, ефектите на пандемијата би можеле да се манифестираат уште со години, и тоа со загуби на огромни човечки и стопански потенцијали и со сѐ поизразена сиромаштија и нееднаквост, предупредија од Меѓународната организација на трудот.
Во 2019 година, глобално невработени биле 187 милиони луѓе. Повеќе земји во светот се соочија со рецесија.