Поради пандемијата со Ковид-19 во земјите-членки на Европска Унија има помалку 5,7 милиони работни места, се наведува во денеска објавениот извештај на Европскиот фонд за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound).

– Во вториот квартал на 2020 година, ЕУ вработи 5,7 милиони луѓе помалку отколку во последното тримесечје на 2019 година, додека стапката на невработеност во ЕУ се зголеми од 6,6 на 6,7 проценти, се наведува во документот.

Според Еврофонд младите работници се најпогодени од пандемијата. Стапката на вработеност кај младите бележи поголем пад за време на пандемијата отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година.

Меѓу земјите на ЕУ особено погодени од пандемијата, Еврофонд ги издвојува Франција, Полска, Италија и Грција.

Според Еурофонд, сегашната криза ги погоди главно индустриите кои вработуваат главно жени. Тука спаѓаат туристичкиот сектор, угостителството и услугите на недвижнини.