Активистката Ана Глигорова на својот фејсбук профил најави протест кој ќе се одржи на 29 месецов.
„ ПРОТЕСТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО
На ден 29.08 2023 год. во 18 часот пред Министерството за правда ве повикуваме на протест.
Поради самоволието на извршителите кои не сакаат да ги применат промените во Законот за облигациони односи кои се однесуваат застарувањето на побарувањата (долговите). Со вас понесте ги фотокопиите од предметите и формуларите со барање за застарување за да ги предадеме групно на министерот и другите надлежни во министерството. Понатаму продолжуваме кон Уставен суд за да им се обартмие и на уставните судии.
Здруженија Човекот над профитот, Но Пасаран, КСОМ, ПЦЕР
ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД ПРАНГИТЕ НА ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО!“ напиша таа.