Германскиот фармацевтски гигант Bayer ги продава американските брендови Dr. Scholl’s and Coppertone, за да помогне во плаќањето на обврските поврзани со Roundup, хербицидот што го наследи при купувањето американски агрохемиски гигант Монсанто минатата година.
Инвестициската компанијата “Yellow Wood” за еквити капитал, ќе плати 585 милиони долари за 113-годишниот бренд за обувки, додека друг германски производител на фармацевтски производи се согласи во мај да ја купи 75-годишна линија за нега и заштита од сонце – Coppertone за 550 милиони долари. Bayer, кој исто така планира да укинува 12.000 работни места, се соочува со повеќе од 13.000 тужби од луѓе кои тврдат дека хербицидот кој го произведува за плевелот им предизвикал рак.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк