Доларот на меѓународните девизни пазари во петокот зајакна во однос на кошницата валути, во околности на смирување на превирањата на пазарот, по зголемувањето на очекувањата за понатамошно монетарно олеснување во Европа и Јапонија, поради што под притисок се јенот и еврото.
Долар индексот, се зголеми за 0,3 проценти, на 99.356 поени.
Доларот зајакна во однос на јенот и повторно се врати над нивото од 118 ¥. Таквиот тек следи после службените коментари кои се однесуваа на јенот и очекувањата дека јапонската централна банка следната недела на редовниот состанок би можела да донесе одлука за дополнителни парични инјекции за економијата.
Еврото се тргуваше за 1,0832 $, што значи пад од 0,7 проценти во текот на изминатата недела. Сепак се уште се држи над 1,0776 $ најниското ниво во две недели, на кое падна во четвртокот откако шефот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги сигнализираше можност за прилагодување на монетарната политика во март.