Поранешниот извршен директор на Ауди, Руперт Стадлер е обвинет за измама во врска со тековната истрага за скандалот со дизел моторите на Фолксваген.

Германските обвинители тврдат дека Стадлер го сокрил фактот дека софтверот дизајниран за измама на тестовите за емисии на гасови бил инсталиран во автомобилите Ауди, Порше и VW низ целиот свет. Тој е еден од четворицата поранешни вработени вчера обвинети за нивната улога во скандалот. Фолксваген досега потроши околу 30 милијарди евра во казни и договорни спогодби, бидејќи обвинителите во Германија и САД ги продолжуваат своите истраги.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк