Според најновите податоци на Народната банка за монетарните движења во јуни, годинава  кај вкупните кредити на домаќинствата е забележан раст на месечна и годишна основа од 1,0% и 9,7%. Од аспект на валутната структура,
зголеменото кредитирање на домаќинствата во поголем дел е резултат на растот на кредитите одобрени во денари (68,6% и 62,4%, соодветно). 

 

Во јуни, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија потрошувачките и станбените кредити е   забележан месечен раст од 1,3% и 1,2%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,1% и 14,9%. Автомобилските кредити и негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од 2,0% и 0,5%, додека на годишна основа тие остварија раст од 0,2% и 4,8%, соодветно. Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 0,8%. Во јуни кај
кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен раст од 0,6%, при годишно намалување од 0,8%