За месец август 2018, според известието на НБРМ на намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, забележана е нагорна месечна промена од 0,4% кај потрошувачките и  1,1% кај станбените кредити, којашто на годишно ниво изнесува 11,1% и 15,7%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечно намалување од 0,9%, при минимален годишен раст од 0,1%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно зголемување од 0,5%, во услови на годишен пад од 0,9%. Во август, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен и годишен раст од 0,5% и 3,5%, соодветно, додека кај кредитите одобрени врз други основи е евидентирано месечно и годишно намалување од 0,9% и 0,8%, соодветно“, се вели во соопштението на НБРМ.

За повеќе детали : НБРМ