Германскиот производител Porsche кој функционира во рамките на Volkswagen Групацијата е казнет со 535 милиони евра поради лажирање на емисијата на штетни гасови.

Оваа вест ја потврди канцеларијата на јавниот обвинител во Штутгарт кој потенцираше дека Porsche е казнет поради неодговорно однесување во областа на контролата на квалитет.