АД „Пошта на Северна Македонија“ на тендер избрале фирма на која ќе треба да ѝ платат 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена за период од две години. Тендерот е достапен за јавноста на следниов ЛИНК.
На фирмата „Стед Комерц увоз-извоз“ која го добила тендерот ќе ѝ се плаќаат по 6.8 денари за секој изметен квадратен метар. Речиси 30 денари по квадрат ќе се плаќаат за полугодишно одржување кое вклучува и машинско чистење, а за генерално чистење кое би се спроведувало периодчно и по потреба ќе се плаќаат дури 148 денари по квадрат.
„Пошта“ заедно со Државните железници е еден од двата најголеми државни загубари, за што редовно добива дотации и помош од централниот буџет.
Според последниот ревизорски извештај, „Македонски пошти“ ја завршиле 2022-та година со загуба од над 3.7 милиони евра. Во 2021-та загубата била над 2.8 милиони евра.