Цената на нафтата од марката Брент, за испораки во јули, на Лондонската берза вчера порасна за 11.88 проценти и сега чини 30.43 долари за барел.
Последен пат кога цената на нафата од оваа марка чинеше повеќе од 30 долари беше на 1 април 2020 година.
Претходно, се објавија извештаи дека цените на нафтата може да се зголемат бидејќи постои надеж за обнова на побарувачката.
Вашингтон, 5 мај 2020 (МИА)