Од вчера има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата.
Новите цени се повисоки за 15 отсто и се однесуваат за автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста.
Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари, според новите цени за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Оние со возила со мотор од 55 до 65 КВ наместо 6.166 денари треба да платат 7.116 денари, за возилата со мотор од 66 до 84 КВ наместо досегашните 7.133 денари сега изнесува 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за возилата со мотор од 84 до 110 КВ. Осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе биде 11.879 денари, а досега беше 10.294.
Како што соопштиле осигурителните компании, новите цени стапиле на сила на 25 април.