Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70,00 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денара за литар. За 0,755 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,784 денари.