Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,1 денар и ќе изнесува 46,4 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
„Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат“, информираат од РКЕ.