Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 80,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 77,5 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
За 1,149 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,881 денари.