Новите продажби на пазарите во развој се зголемија за 7,4% во вториот квартал, додека компанијата објави пад во развиените економии
Британско-холандската компанија Unilever Plc објави дека продажбата е погодена од неповолните временски услови во Европа и Северна Америка, како и забавувањето на растот во Индија, и очекуваниот квартален раст е послаб од очекуваното.
Производителот на сапуните Dove и сладоледите Ben & Jerry рече дека продажбата се зголемила за 3,5 отсто во вториот квартал од 2019 година. Ова е помалку од очекуваните 3,7 отсто според аналитичарите.
“Забрзувањето на развојот останува наш најголем приоритет и продолжуваме да го развиваме нашето портфолио и да бараме брз канал за раст и географски способности и да обрнеме внимание на оние места каде што растот не ги задоволува нашите аспирации”, вели извршниот директор Алан Џопе.
Лидерот, кој ја презеде функцијата во јануари оваа година, се фокусира на пазарите како што се Виетнам и Бангладеш, каде што почнува да се формира средната класа, што брзо ја зголемува побарувачката за производите на компанијата.
Новите продажби на пазарите во развој се зголемија за 7,4% во вториот квартал, додека Унилевер забележа пад во развиените економии, главно поради слабата продажба на сладолед во Европа во април и мај.
Прометот падна на 13,7 милијарди евра (15,25 милијарди долари), а компанијата соопшти дека се уште очекува растот на продажбата во текот на целата година да остане на дното во опсегот од 3 на 5 отсто.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк