Во послениов период бевме сведоци на подолготраен пад на вредноста на крипто-валутите. Но, овој месец вредноста на крипто валутите забележа раст, како резултат на зголемувањето на цената на биткоинот за над 10 проценти, достигнувајќи највисоко ниво во изминативе две недели.
Вредноста на биткоинот се зголеми за 10,3 отсто на 7.657 долари, што е негово највисоко ниво од 28 март.
Аналитичарите оценуваат дека за сега не може со сигурност да се каже кои се причините за ваквиот раст на вредноста на крипто валутите.