За прв пат после еден век лик на жена ќе се најде на банкнотата од 10 долари, која ќе биде пуштена за сообраќај во 2020 година, објавија од страна на американските власти.
Идентитетот на лицето кое ќе ја краси новата банкнота ќе биде откриено во текот на годината, после консултациите со јавноста, изјави американскиот секретар за финансии Jacob Lew.
Lew изјави дека “мора да се работи за жена која делувала за унапредување на демократијата”.
Претходната жена која ја имала привилегијата да се најде на зелените банкноти е Martha Washington, сопругата на првиот американски претседател Georgea Washingtona, кон крајот на 19 век.
Малку подалеку во минатото, индијанката Pocahontas се појавила на банкнотата од 20 долари во текот на неколку години во средината на 19 век, истакнуваат во Министерството за финансии.
“Американската валута е средство со кое нашиот народ зборува за тоа кои сме и за што ние се залагаме”, вели Lew, додавајќи дека новите банкноти ќе бидат ставени во промет по повод 100-годишнината од правото на глас на жените во САД.