Се работи за ситуација во која државите намерно ги слабеат валутите за да го поттикнат извозот и да го намалат увозот на производи и услуги, пишува Poslovni.hr.
Како што американскиот претседател Доналд Трамп почна трговска војна за царина за производи од одредени земји, така враќа и Кина која најави дополнителни мерки.
Според светските медиуми, Кина сега го анализира слабеењето на јуанот во однос на доларот.
Тоа значи дека освен трговска, на светот му се заканува и валутна војна.
Австралискиот долар кој ги чувствува промените во глобалната економија, за само пет минути на платформата Admiral Markets ослабна за 0.4 проценти, што е многу за тој валутен пар.
На пример ако еден германски автомобил чини 100.000 евра, а курсот долар – евро е 1.30, тогаш цената во САД му е 130.000 долари.
Ако курсот намерно политичарите го срушат на 1.10, тогаш тој ќе чини 110.000 долари. Поради овој факт тој веројатно и повеќе би се продавал на пазарот.
Тоа би довело до поголем извоз на автомобили од Европа во САД, а со тоа во Европа ќе има и повеќе нови работни места.
Во исто време тоа негативно ќе влијае на пазарот во САД, производството на автомобили и на економијата.
Извор: Фактор