Само во текот на последните три години, од Република Македонија во странство се отселиле 5.169 граѓани. Најмногу од граѓаните се иселиле од Гостивар, за овие три години вкупно 1.630, а потоа од Скопје 1.519, Охрид 1.164, Битола 1.100, Штип 583…

Во 2023 година своето заминување го пријавиле 2.034 лица, што е нагорен тренд, бидејќи во 2022 година заминале 1.905 граѓани, а во 2021 година 1.230, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалувањето на работноспособното население во земјава е една од причините поради кои Фискалниот совет деновиве предложи зголемувањето на старосната граница за одење во пензија на 67 години, а што би почнало да важи од 2026 година. Според податоците од пописот, од 2002 до 2021 година бројот на работоспособно население се намалил за 171.317 жители, или 12,4 отсто, додека бројот на старо население над 65 години возраст, се зголемил за 17,2 проценти или за 101.619 лица. Статистичарите предвидуваат во 2025 година процентуално старосната група над 64 години, ќе сочинува 19,1 отсто од вкупното население. Во 2050 ќе биде дури 32,1 отсто, а во 2070 ќе изнесува биде 30,6 отсто. На сметка на тоа, пак, ќе се намали работоспособното население на возраст од 20 до 64 години, јави vecer.press.