Во Министерството за финансии денеска ќе бидат потпишани договори за обезбедување на заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 100 милиони евра за ЕСМ. На потпишувањето ќе присуствуваат министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ, Васко Стефанов.

Како што соопштија од Министерството, станува збор за потпишување Договор за заем, кој ќе се склучи меѓу АД ЕСМ – Скопје и ЕБОР и Договор за гаранција, кој ќе се склучи меѓу Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии и ЕБОР.