Кој треба да го спасува државниот фонд. Сегашните пензионерите или работниците кои плаќаат пензиски придонес од своите плати. Невладината организација Фајнанс тинк нуди неколку решенија, но смета дека најповолно е товарот од реформата да биде споделен помеѓу генерации, преку комбинирани мерки. Веднаш да се зголеми стапката на придонес за 2 процентни поени, а по пет години старосната граница за пензионирање да се зголеми за една година, така што жените би оделе во пензија на 63, а мажите на 65 години.
„Промените се постепени и имаат можност да се прилагодат на економијата. Тоа значи дека по пет години, економијата ќе ни биде на највисоко ниво и невработеноста на пониско ниво. Поместување на границата по 5 години за 1 година ќе бидеп полесно да се издржи, отколку да границата да се промени. Дополнително, по 10 години и животните век расте и ќе биде сосема очекувано тоа да се случи. Ваков тип на реформа се случува долг временски рок и тоа е недостаток и ќе биде потребен консензус од сите засегнати страни.“- вели Благица Петрески, „Фајнанс тинк“.
Во Македонија веќе десет години постои систем на бруто плата и доколку Владата се реши да ја зголеми стапката за пензиски придонес тоа би значело дека платата што ја добиваат работниците ќе биде помала. Но, економистите сметаат дека товарот може да биде поделен меѓу работниците и работодавците.
„Ефектите од намалувањето на придонесите отидоа кај работодавачите, во профити се претворија.“ – вели Павле Гацов, даночен експерт.
За исплата на пензии оваа година ќе бидат потрошени 880 милиони евра. Фондот обезедува само половина, останатите пари се префрлаат од централниот буџет. За да се постигне одржливост не треба да има ниту зголемување на пензиите надвор од законското усогласување, на што укажа и Светска Банка.
Од Министерството за трду велат дека набрзо ќе излезат со модел за стабилизирање на ПИОМ. Според анализата на Фајнанс тинк првите ефекти од реформата би се почувствувале веднаш, а по пет години заштедите би се движеле околу 90 милиони евра годишно.