Членовите на групата Г7 треба да издвојат 10.000 милијарди долари за да поттикнат закрепнување засновано врз инвестиции, чиј фокус ќе биде на вакцинацијата против ковид-19 и енергетската транзиција, покажа истражувањето.

Г7 е основан во 1975 година како форум на најбогатите земји на Запад, каде се дискутираше за кризи како нафтеното ембарго на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Агендата на самитот на 11-13 јуни во Корнвол открива нови закани, како што објаснуваат од Г7, вклучувајќи ги Кина, Русија, климатските промени и пандемијата на коронавирусите.

Домаќин на самитот е британскиот премиер Борис Џонсон, бидејќи во моментот Британија е претседател на групата, а во Корнвол се очекува да пристигне и американскиот претседател Џо Бајден.

Пред самитот, Џонсон побара истражување за приоритетите на групата, а неговиот автор, Николас Стерн, професор на Лондонската школа за економија, изјави дека Г-7 како форум е клучна можност за најбогатите економии на Западот да направат реална разлика во светската економија.

„Транзицијата кон свет со клима без емисии (штетни гасови) е најголемата економска, деловна и комерцијална можност на нашето време“, рече Штерн во извештајот.

„Во срцето на предложената визија за економски одговор на пандемијата е координирана глобална програма за инвестиции во закрепнување, реконструкција и трансформација што ќе ги мобилизира сите форми на капитал – физички, човечки, природен и социјален“, напиша Стерн.

Дополнителни трилиони долари годишно

Според Штерн, земјите од Г7 треба да постават заедничка цел во оваа деценија, но исто така и после тоа и да ги зголемат годишните инвестиции за два проценти од БДП во споредба со предпандемискиот период и да го подобрат квалитетот на инвестициите, предложи тој.

Ова значи дека инвестициите во следните десет години треба да се зголемат за дополнителни околу илјада милијарди долари годишно.

Лидерите на Г7 исто така треба да осигурат дека луѓето ширум светот се вакцинираат рамномерно и веднаш да ги обезбедат преостанатите 20 милијарди долари за COVAX, глобална програма за набавка на вакцини за сиромашните земји.

Британскиот премиер веќе ги повика членовите на групата најбогати да преминат од зборови во дела со цел да се запрат климатските промени, а авторот на извештајот смета дека Г7 треба да даде веродостојни предлози за постигнување на климатските цели на американскиот претседател .

Г7 треба да се посвети на укинување на сите субвенции за фосилни горива најдоцна до 2025 година и да заземе водечка улога во сеопфатната енергетска транзиција и треба да се разгледа воведување минимален глобален корпоративен данок од 21 процент, сугерира Стерн.