Новогодишната кошничка задврши .Граѓаните стравуваат  од нови покачувања на цените на производите, иако велат и од оваа мерка не успеале многу да заштедат.

„Ќе ги покачат, јас сегде по маркетиве одев не се намалени, може нешто некој артикал али и тој артикл што не го употребуваат минимално што не им се троши.“

„Шо ќе заштедиш по пет денари по 10 некој намалени што ќе се заштеди на ситно ако земеш ништо не се заштедува.“

„Не биле ниски се било покачено. И онака се почачени  и се мислам дека повторно ќе покачат. Не бре какво заштедување.“

Експертите велат дека потребен е раст на платите на работниците, а не да се импровизира со кошнички за подобрување на куповната моќ на граѓаните.

Есенската кошничка даде незначителен ефект во борбата за подобрување на куповната моќ. За празничната ќе треба да почекаме најмалку еден месец за да видиме каков придонес имало врз потрошувачката на граѓаните. Идните кошнички се за верските празници  велигднеска и рамазанска.

За опозициската СДСМ мерките се промашени, тие додаваат дека наместо цените да се намалат тие се зголемиле, поради тоа што власта им оствила време и простор на трговците да ги покачат цените.

„И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување. Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%.“ – Жаклина Лазаревска СДСМ.

Додека за  власта мерките даваат резултат за подобрување на куповната моќ на граѓаните.