Почитувани читатели на БанкоМетар.мк, во рамки на серијалот во кој ги споредуваме сите кредитни понуди на банките продолжуваме со споредбите. Па доколку имате дилема во која банка треба да аплицирате за Вашиот нареден потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит, покрај нашите споредби на следните линкови : Потрошувачки . Станбени, Хипотекарни и т.н. отсега ќе почнеме и директно да споредуваме кредити за Ваш полесен, помудар и поекономичен избор.
Потрошувачки кредит на Комерцијална Банка А.Д. Скопје и Стопанска Банка А.Д. Скопје : Бројките се следните:
Комерцијална Банка Стопанска Банка
(Потрошувачки кредит до 1.500.00) (Потрошувачки кредит до 1.500.00)
Износ: 1.500.000 денари 1.500.000 денари
Рок на отплата: 95 месеци 120 месеци
Камата : 5% фиксна за првите две години 5,3% фиксна за првите две години
Провизија за обработка на кредитот: 0% 0%
Трошок за апликација: 300 денари 600 денари
Провизија за предвремена ликвидација: 0% нема податок
СВТ : 5,9% нема податок
Од погоредадените цифри можеме да заклучиме дека поповолна опција е потрошувачки кредит до 1.500.000 денари на Комерцијална Банка А.Д. Скопје.