Почитувани читатели на БанкоМетар.мк, од денес отпочнуваме серијал во кој ќе ги споредуваме сите кредитни понуди на банките меѓу себе. Па доколку имате дилема во која банка треба да аплицирате за Вашиот нареден потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит, покрај нашите споредби на следните линкови : Потрошувачки . Станбени, Хипотекарни и т.н. отсега ќе почнеме и директно да споредуваме кредити за Ваш полесен, помудар и поекономичен избор.
Потрошувачки кредит на Халк Банк и НЛБ Банк : Бројките се следните:
Халк Банка (Потрошувачки со полиса ) НЛБ Банка ( Виолетов кредит)
Износ: 1.500.000 денари 1.500.000 денари
Рок на отплата: 120 месеци 120 месеци
Камата : 5% фиксна за првите три години 5,5% фиксна за првите 35 месеци
Провизија за обработка на кредитот: 0% 2,0%
Трошок за апликација: 500 денари 600 денари
Провизија за предвремена ликвидација: 0% 0%
Од погоредадените цифри можеме да заклучиме дека поповолна опција е потрошувачки кредит на Халк Банк.
Наум Димитровски