Автомобилската индустрија би можела да остави дури 410.000 работници само во Германија со префрлување на производството од бензин и дизел на електричен погон до 2030 година.
Ова го предвидуваат експерти од Националната платформа за иднината на мобилноста (НПМ), советодавен совет на германската влада.
Ројтерс пишува дека електричните мотори имаат помалку делови и не се толку барани за одржување, што е добра вест за нивните корисници, но не и за луѓето вработени во традиционалната автомобилска индустрија.
Така, само во следните десет години, скоро 90.000 луѓе ќе останат без работа во производство на мотори и менувачи, а голем дел од нив ќе останат без работа заради автоматизација, односно роботи и софтвер што ќе ја заменат човечката работна сила во фабриките.
Сепак, нивниот песимизам не го дели главната германска организација за автомобилска индустрија (ВДА), од каде велат дека овие предвидувања се засноваат на нереално екстремно сценарио.
Според информациите објавени минатата година, во германската автомобилска индустрија се вработиле 834.000 луѓе во 2018 година, најголем број вработени од 1991 година. Со оглед на тоа што се предвидува послаба глобалната продажба на автомобили годинава, германските компании за автомобили може да се очекува да им дистрибуираат откази на вработените.
Забрането превеземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк