После првичните најави дека се работи за сериозен технолошки успех кој ќе биде основа за профитабилна нова дигитална индустрија, повеќе компании кои инвестираа во блокчејн технологијата сега најавуваат дека е повлекуваат од проектите.
Блокчејн технологија стана популарна со развојот на крипто валутите, како што е биткоинот. Првичните очекувања од блокчејн технологијата беше дека ќе овозможи безбедно поврзување на голем број информатички системи, и компании како што се БНП Парибас најавија инвестиции во оваа насока. Влез во блокчејн технологијата најави и компанијата ДТЦЦ, која е една од главните клириншки куќи на Вол Стрит.
Но, овие компании сега најавуваат дека по првичниот развој на блокчејн проектите, заклучиле дека воведувањето на блокчејн технологија е премногу амбициозно во овој момент. По нивниот неуспех, и банката Џеј Пи Морган најавува дека ќе го продаде својот веќе започнат блокчејн проект.