На повеќе од 10 земји им беше понудено новото седиште за Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), ако се донесе одлука за преселувањето на вработените во Лондон, рече директорот на ЕБОР за финансии, Андрас Симор.
Симор ја следи работата на административното седиште на ЕБОР во Лондон од крајот на 2016 година. Се очекуваше дека некои прелиминарни резултати од анализата ќе бидат објавени минатата година, но работата сé уште не е завршена и може да трае уште една година или дури и подолго.
“Ние сакаме да ја направиме вистинската одлука, времето не е најважниот аспект на оваа приказна”, изјави Симор за Ројтерс. Запрашан дали одлуката ќе биде донесена оваа година, тој одговори: “Можеби но не сме сигурни„.
Банката во моментов вработува повеќе од 1.500 работници во Лондон, а преселувањето на голем број од нив може да биде скапо.Листата е долга”, истакнува Симор, додавајќи дека “веројатно” содржи повеќе од 10 земји што тој не сакаше да ги цитира.
ЕБРД е основана во 1991 година со цел да инвестира во поранешни комунистички земји во источна Европа. Во изминатите 10 години, тие го проширија својот мандат и сега работат во повеќе од 30 земји.