Уни банка со повик за учество на 26-та Редовна годишна седница на Собранието на акционерите на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, која ќе се одржи на ден 17.05.2018 година, во просториите на банката на ул.Максим Горки бр.6 Скопје, со почеток во 11,00 часот.
Правото на учество во работата на Собранието и правото на глас е условено со пријавување на акционерите, односно
нивните застапници, најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание.
Пријавувањето на акционери-правни лица се врши со доставување на пријава, потпишана и заверена од надлежен
орган на правното лице.
Пријавувањето на акционер-физичко лице се врши писмено, со доставување на пријава лично потпишана од физичкото
лице.
Акционерот може со писмено полномошно да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен
да ја извести банката по писмен пат или електронски.
Полномошната и пријавите да се достават најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на банката и Законот за трговски
друштва.
Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот
број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред со образложение за
предложените точки или предлог одлуки по точките од дневниот ред, во рок од 8 дена од денот на оваа објава.
Материјалите за седницата на Собранието ќе бидат достапни на акционерите од денот на објавување на јавниот повик,
секој работен ден во просториите на банката на ул.Максим Горки бр.6 и на интернет страницата на банката
www.unibank.mk.