Повисок прогресивен данок и построга контрола кај данокот на добивка. За да се полни буџетот и да се справи со сивата економија, Владата најавува поголе ма фискална дисциплина , посебно кај трансферните цени на компаниите, односно поголема контрола на парите кои фирмите керки си ги префрлаат во други земји во фирмите мајки.
– Спорен е начинот на префактурирање, односно на наплаќање или ценовната политика на компаниите кога си продаваат компанија мајка на ќерка од една во друга држава. Тоа е причината за многу пропаднати фабрики во земјава како и една од најголемите причини поради кои Фени дојде во ситуацијата во која дојде, рече Анѓушев и посочи дека треба да се зголеми имплементацијата на легислативата за трансферни цени, изјави министерот Анѓушев.
Експертите пак, препорачуваат, наместо да се почне со зголемување на персоналниот данок на доход за повисоките плати, да се зголеми данокот на добивка за компаниите.
-Не може една банка која оставарила добивка од 36 милиони евра да плаќа данок од 10% и лицата кои имаат плата од 200 евра да плаќаат ист данок, односно да се даночат со 10 отсто. Предлагаме да се воведе прогресивно оданочување, но не да почне од назад. Ако се зборува за нееднаквост, тогаш нека плаќаав повисоки даноци компаниите кои оставуваат високи профити, изјави Бојана Христовска.
Прогресивниот данок ќе донесе социјална правда и порамномерен товар на даночната политика, смета власта. Експертите пак велат- ако се собира повеќе од побогатите, собраните пари треба да се трошат за намалување на сиромаштијата а не за повисоки патни трошоци на пратениците
Прогресивен данок ќе се плаќа од следната година, а во моментов се прават анализи дали со 18% да се даночат приходите над 1000 евра или повеќе.