Цената на дизелот се зголемува за два денари по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вчера Регулаторната комисија. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 отсто.
Малопродажната цена на Еуродизелот изнесува 84,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Иста останува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која изнесува 51,599 денари за килограм.