Сања Лукаревска, првиот човек на Управата за јавни приходи, го најави предизборниот проект „Повеќе пари кај граѓаните“ како следна даночна реформа на кои што работи УЈП и ја планира за следниот период.
Владата на Република Македонија долго време го ветуваше фамозниот систем со кој на граѓаните ќе им се враќаат по 15% од платениот ДДВ, со исклучок на данокот остварен при купување на лускузни производи.
– Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот “Повеќе пари кај граѓаните”, кој треба да овозможи поврат на 15% од износот на платениот ДДВ на физички лица.Исто така превземаме низа активности за имплементација на Проектот за обезбедување на даночно намалување за стопански субјекти кои ќе донираат средства на спортските клубови – изјави Лукаревска.
Ова ветување Владата предводена од СДСМго одложи за 2019 година, со образложение дека во 2018 година само ќе се реализира пилот проект во два региона во земјава.