Од 15 на 20 отсто се зголемува повратот на ДДВ од домашни производи при скенирање на фискални сметки. Министерката за финансии Нина Ангеловска, кажа дека на вчерашната владина седница била донесена Уредба за зголемување на повратот за домашни производи, а се намалува од 15 на 10 отсто повратот за странски производи.
Со оваа Уредба ќе се стимулира купување на домашни производи, со што ќе се помогне на домашните компании.
Ангеловска кажа дека нема промени во максималната висина на повратот што граѓаните можат да ја добијат односно таа останува 1.800 денари.