Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – вечерва на полноќ цените ќе се зголемат меѓу 1.5 и 2 денари!

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.57%.

 

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.00, односно 1.50 денари, и од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 67.50 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 69.00 денари.

 

Се зголемува и цената на дизел горивото, и тоа за 1.50 денари. Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ гориво ќе чини 59.00 денари.

 

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.